Фрау Сабине прави мала дигресија и кажува дека била како Жан Митрев
Нема многу врска со текстов, ама морам да си кажам – какво кафе ми свари сабајле тетка Данче, “петел да застанел врз него, демек”. А? Ќе почекам малку па ќе ја завртам шољата, за гледање.
[fblike]
Можда ќе ми кажат “дека сум расеан, дека имам седмица без црта, пат, нова љубов, некој те оговара, ќе слушнеш глас од непозната црна особа (Бе), еве ја змијата фино се гледа, пази се од пријателите”…
а откако све ќе поверувам, едвај чекам да стиснам за желба.
Тајната желба, која и по стотина хектолитри кафе никако да се оствари.
Изгледа не знам добро да стиснам, тоа ќе да е.
А, не ми текнало, можда ќе треба да ми гледаат на боза (од кај Апче строго), или на јогурт не било лошо. На нес кафе не можело, било многу јако.
И, ете така, си размишљам на оваа тема и ми текна дека откако од ТВ Шутел или Сител ја снема високоштованата госпоџа Сабина, мојата омилена гатачка, ете ми простор за приватен бизнис.
Ќе се јавам бе, ќе си прашам кај директорчинана, колку кошта да се закупи пола саат простор, за да пробам и јас да им помогнам на луѓево.
Па, сто пути ми рекле-ај бе ти, не збори многу, права Ванѓа си.
Кога можеше Сабинче да им збори вака на гледачите, зашто да не пробам и јас-ќе тртљаш, ќе измишљаш (Страше, мој ти маше из флаше), а телефонот откуцава со турбо-инџекшн на саат.
Значи, стартује Сабина омаж:
-“Затвори очи, господине и фино се издиши. Ме слушаш? Ало, ме слушаш? Види го. Ааааа, ту си. Сега че ти доџем право до срце, ти само примакни се до ТВ апарата и да ниси мак,о. Ме слушаш? Че поџем прво од нозете. Сега сум ги кај стопала. Осечаш нешто?
– (овој вика: “да, нешто ме голица”).
– Ајде узобиљи се мало, че ти идем према колена, све полако. Боље ти е малко?
– (овој: “аааааааааааааа).
– Че те направим ко нов, брате. Сега сум од пупка према горе, го поминавме она најгоре. Идем према груден кош (јао што си маљав господине), а сега влагам право у срце. Кажи, добро је, а?
– (овој, “рифреширан 100%” вришти од среќа и веќе размишља како да го форсира Крс на Водноту после сеанса).
Фрау Сабине прави мала дигресија и кажува дека била како Жан Митрев, великиот добротвор, њезин добар пријатељ.
После, откако му ги провери пред и после коморите на Рамбо, за сваки случај го испрати кај Санде у Говрлево и му рече да га поздрави од њојзи, дабоме, а со себе да понесе тазе мокрача и мали пешкирич со нека фина идила на њему, навезена…
Е, дефинитивно че идем у гатаре.
Све нешто ми се кажува на сон и ме тера на овој потез.
Ми се јавува некоја чудна жена у бели вео и ми вика-Страшо, оди помогни им на луџето, ти имаш нешто у себе, ама до сега не си знаел.
Да не е Вера, оваа шо ме тера?
Не е битно, ама јас знам сигурен лек за депресија:
– Како прво, треба да те опали на Лото. Ама, веќе наредното коло. Аке не ти успее овде, играј во соседните држави.
Друго, после тоа, аутоматски ќе бидеш оцерен у наредните десет години и никад нема да ти текне дека некад си пател од капс, колитис, шуљеви, реума, за депресија ќе прашуваш “од кој град беше таа”?
Е, сега, ако претераш со осмехот и со играорството, може да ти се деси да залепиш фацијалис и запалење на мускули, па да не може да те оправи ни Сабине, ни Жан, а ни ја, Бога ми.
И, пошто немда да те боли штикла од новите даноци на Перица Штикла, пошто ќе имаш пара ко гована, ти си веќе излечен човек.
Има и алтернатива, ако не добиеш на Лото – ќе идеш кај баба Киче у Прдејци, сам и тазе избричен, ако си мушко. Ако си женско-депилација.
Мораш со себе да имаш узорак од твоите “вјетрови рата” (самото име на селото ти кажува) нацентриран у мирисливо шишенце, да понесеш некој сендвич за по пут (алкохол не смее), черга, тоалет папир, бадминтон-ако застанеш покрај некој кладенец, и еден вибратор, силиконски е најбоље. Ова, у случај да не те прими баба Киче, пошто ми е љута нешто у задње време, пошто прошли пут сум и пратил некој неваспитан, кој погрешно ме сфатил, па на бабацот и го поклонил самиот виобратор, нели. Се дешава… Ај чао, имам некого на треќа линија.
БОНУС: Сабинчето си пее.
[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=dgJIybs-Tas[/youtube]
Посетено 2.428 пати