За детството…
Ве слушам, ве гледам и не ви се мешам, ама ви се чудам. Дечиња од прво одделение натака, да ги мкнете цела недела после школо и за викенд, на балет, па на флејта, па на тенис, па на англиски, па на француски, па на хор, па на играорна… нели ви е жал?
Како прво, децата не ви се толку мултиталентирани колку што вие мислите или ве убедуваат дека се! Ниедно дете не е. Ни Ајнштајн не бил. А геније бил! За математика и физика го бивало, и толку. Не знаел во исто време ни да пее ни да слика ни оро да игра, ок? А како второ, пуштете ги да дишат малку бре, да се истрчаат надвор, да си возат точачиња, да си ги изгребат коленцата додека играле брканица па да ви дојдат дома плачеечки, да ги фати прашинка, да не се вратат дома пред да се стемни па вие по улици да ги барате… Има сето тоа некој шмек, а и полза богами. На децата им треба… не знам како тоа да ви го објаснам за да ме сфатите… безгрижно детство? Сте го чуле тој збор? Е тоа, вие самите свесно или несвесно им го одземате.
Да не ме нападнат сега пак дежурните на профилов у стилу – која си ти да ми кажуваш како да си го одгледувам детето?! велам – вие си знаете, не ви се мешам, само ви се чудам 😉