Вљубување – вечно вдахновение

Вљубувањето не е глупост, напротив, тоа е привилегија на интелигентните, духовните, емотивните… После вљубувањето го проверуваме тестот за љубовта, дали вљубувањето било идеја или реалност. Не секоја идеја дава идејно решение, но идеите не туркаат кон остварувања, вљубувањето кон љубовта. Разочараните во љубовта огорчено ја презираат, сметајќи ја за слабост, наивност, глупост… Не е, потенцијалот да се вљубиш кога и да е и во кого и да е , е интелектуална сила, вечно вдахновение!


ВО ОЧИ СО СВ ТРИФУН И ВАЛЕНТАЈН

Секој би ги посакал сите 365 дена во годината. Едниот како заштитник на виното, бракот и брачната верност, а другиот на љубовта и страста, за кои понекогаш треба да се молчи. На 13 февруари 270 година убавиот италијански бискуп Валентин кој ја открива својата љубов кон убавата девојка, погубен е од нејзиниот татко на 14 февруари, од тогаш Ден на вљубените.

Љубовта е уметност, според Ерих Фром, но и синергија на која постојано треба да се работи. Зрелата љубов е постојано надополнување и чукање на две срца во ист ритам. Вљубеноста ја поттикнува еуфоријата, чувство како да сме на врвот на светот, а во вљубените очи може да се забележи поглед кој опива. Чувството на вљубеност го поттикнува хормонот ДХЕА – еликсир на младоста, а кога сиот тој љубовен благослов ќе го залиеме со вино, чија лековита моќ е докажана, тогаш животот станува уметност. Да ѝ наздравиме на љубовта со вино!

Татјана Алексиќ

Посетено 311 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!