Лоша услуга им правиме на нашите деца што ги „штедиме“ од учество во семејните или домашните работи

Застануваме да купиме овошје кај Чешма. Љубезно дозволуваат да одберам сама, мерат. На каса едно дете не поголемо од 10-11 години, спретно наплатува и го враќа кусурот на секого од долгата редица, без да се мисли за сумата, и без зборови. Пријатно беше да се гледа како со леснотијата работи, веќе обучено за живот, Албанче. Ми прелета низ глава дека секогаш и секаде, кога ќе видиш како се сите собрани и нешто растоваруваат или нешто поправаат – тоа е групно, здружени со иста цел. Колку лоша услуга им правиме на нашите деца што ги „штедиме“ од учество во семејните или домашните работи. Не ги познаваат ни маката, ни ќејфот од работата, а најмалку задоволството што доаѓа отпосле, дека си направил нешто убаво и корисно.
Не е случајно што сме граѓани на иста држава, дадени сме си за да се прифатиме и да учиме едни од други.

Посетено 9.341 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!