Погрешно си го полните смартфонот
Да, знаеме. Батериите на смартфоните ни се ужас и едвај траат еден цел ден. Ама делумно е и наша вина.
Голем дел од нас мислат дека полнењето на смартфонот во кратки интервали предизвикува долготрајна штета на батеријата, и дека е подобро да ги полниме кога се блиску до празнење.
И сме мислеле прогрешно.
Всушност, сајт на компанијата за батерии Cadex, наречен Battery University, објаснува како литиум-јонските батерии во нашите смартфони имаат своевидни видови на „стрес“, и исто како кај луѓето, продолжениот стрес може да го оштети функционирањето на батеријата. Ако сакате батеријата да ви биде во топ форма, треба да промените неколку работи во рутината.
Не ја држете на полнач кога е целосно наполнета
Според Battery University, ако го оставате смартфонот поврзан со полнач кога е целосно наполнет, на пример во текот на ноќта, тоа е лошо за батеријата која е „под стрес“, и се ослабуваат хемиските процеси во неа. Откако ќе се наполни, тргнете го телефонот од полнач. Ова е исто како релаксирање на мускулите по долго и напорно вежбање.
Всушност, обидете се да не ја полните до 100%
Li-ion батериите немаат потреба да се целосно наполнети, а истото не е ни пожелно. Високонапонскиот стрес ја ослабува батеријата понатаму во функционирањето.
Вклучете го смартфонот на полнач секогаш кога ќе можете
Сте знаеле дека батеријата на смартфонот е многу посреќна ако повремено ја полните во текот на денот наместо еднаш и долго кога е целосно празна? На овој начин ќе можете да ги користите и функциите кои ја „цицаат“ батеријата во текот на денот, а батеријата ќе трае подолго.
Посетено 1.958 пати