Франција им забрани на супермаркетите да фрлаат храна

[fblike]

food-wastage-falls
Секоја година, ширум светот се фрлаат 1,3 милијарди тони храна, кога истите слободно можат да им се донираат на добротворни организации. Ова полека се менува, благодарение на нов закон во Франција.
Францускиот сенат им забрани на супермаркетите поголеми од 400 метри квадратни да ја фрлаат храната што не ја продале, со тоа правејќи ја Франција првата земја во светот што вовела ваква забрана.
Наместо тоа, супермаркетите ќе потпишуваат договори за донации со добротворни организации. Казната за оние што нема да го сторат тоа е до 75 илјади евра, или две години затвор.
„Најважно е дека ќе можеме да го подобриме квалитетот и разновидноста на храната што ја добиваме и дистрибуираме“, изјавил Жак Баиле, главниот на мрежата на Француските „банки за храна“.
„Во однос на балансот на хранливи материи, моментално имаме дефицит од месо и недостиг на овошје и зеленчук. Ова би требало да ни овозможи да добиваме повеќе такви продукти“.
Организациите сами ќе ја собираат и складираат храната, па ќе требаат и повеќе доброволци и помошници за нејзина дистрибуција. Храната ќе се дели во посебни центри, а не на улица.
Движењето започна како обична петиција од политичарот Араш Дерамбарш, а сега се очекува од целата Европска Унија да воведе слични закони.
Посетено 518 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!