Игор Џамбазов: Татко Ми Уште Ме Кара Што Не Сум Облекол “Монтка”
[fblike]
Актер, водител, писател, шоумен, хуманист, човек кој сака луѓе. Можеби ова е премалку за да се опише ликот и делото на Игор Џамбазов.
Но едно е повеќе од сигурно, а тоа е: Да се живее во времето на Џамбазов е голема привилегија на која треба да бидеме благодарни.
Пред извесно време животот му додели жолт картон за начинот на кој
го живееше. Вели дека не се плаши, но дека не очекувал…
Т: Мачките имаат 9 животи, а Игор колку животи има?
– Е, па, сега помина еден месец, откако мојата мачка објави на Фејсбук дека пред некое време сум ѝ побарал уште еден живот за резерва, затоа што ми останаа само уште два. Кога ќе го видиш гробарот со лопатата, сфаќаш дека било погрешно кога си зборувал дека животот не е убав и дека можам да умрам слободно и дека сум задоволен од тоа тоа што сум го направил.
Ако добро пресметам, излегува дека сум имал и повеќе животи од мојата мачка. Мојата мачка потрошила два или три досега, а сега јас ќе почнам и од нејзините да трошам. Некогаш имам кажано дека луѓето умираат по два пати, еднаш физички, а втор пат кога ќе ги избришеме од меморијата. Јас сум сигурен дека нема да умрам по вторпат, затоа што сум сигурен дека сум направил нешто што ќе остане и за 10, 20 и 50 години.
Колкав е процентот на тие што ќе зборуваат за мене по 50 години не е важно, важно е дека некој ќе зборува. Добро е тоа што ќе останеш во нечии сеќавања, а тоа е најдобриот сеф или банка за спомени. Тоа си има и добри и лоши страни. Кога трошиш толку животи како мене добрата страна е што ќе го видиш животот онаков каков што многу сакаат да го видат, а им е страв. Ќе ги видиш сите можни убави работи, ќе ги пробаш сите можни пороци, ќе го изнауживаш животот, а од друга страна тоа доведува до стресни ситуации и до промена на метаболизмот, пад на имунитетот и последици какви што ми се случија мене. Сѐ ова што ми се случи е резултат на тоа што сум го правел во последните 30 години. Кога сме кај животите, имам уште еден, еден од мачката, тоа се два и би било убаво за Нова година да ми дадат уште еден.
Т: Да ви кажуваше некој дека еден ден ќе завршите во теретана, наместо кафеана, ќе му поверувавте?
– Не, не, никако. Но знаеш ли што е трикот со теретаните? Кога сум седел во кафеана, никогаш не ми текнало на теретана, иако цел живот со другарите со кои сме седеле по кафеани велевме дека од сабота почнуваме да трчаме, да возиме скејт, да возиме велосипеди, да вежбаме, да пливаме и сѐ уште никаде не сме отишле. И затоа откако ми се случи оваа здравствена „хаварија“, едноставно ќе биде добро за мене да водам здрав живот, бидејќи јас не се движам многу, односно не можев да се движам првите педесет-шеесет дена, бидејќи навистина ми беше проблем да одам и имав страшни болки. И сега бидејќи сум нон-стоп пред лаптоп, затоа што ја подготвувам книгата, се подготвувам за концертот, постојано сум во седечка или лежечка позиција, а тоа е лошо за мене и поради тоа морам да вежбам. Сега скоро почнав одам во теретаната на Мирко Петровски двапати неделно, но понатаму ќе вежбам и по трипати.
Целиот текст можете да го најдете и прочитате ТУКА
Извор:
Посетено 11.690 пати