Белградски хостел каде што ќе се чувствувате како дома

[fblike]
White Owl hostel
owl1И кога ќе кажеме “дома” мислиме буквално затоа што овој хотел е создаден со преуредување на еден стар белградски стан
во центарот на градот
White Owl хостел е еден од поинтересните дизајнирани хостели во Белград, се отвори неодамна, во август оваа година. Како преуреден и пренаменет стар белградски стан во центарот на градот, односно во Скадарлија, White Owl е шармантно боемско катче кое веќе го препознаа голем број туристи кои доаѓаат во Белград. Зградата во која што се наоѓа станот беше изградена уште во далечната 1934. година и како таква претставува автентичната урбана приказна, а со оглед на локација во центарот на градот, би било штета да не се отвори хостел и да не им биде дом на туристите,  макар и за кратко.

owl5

“Хостелот White Owl е приказна која постоеше веќе долго време, но само во мојата глава. Локацијата на станот е идеална бидејќи се наоѓа во една од најпознатите улици во Белград и една од ‘must see‘ локации. Кога се створи можност за отворање на хостелот не се двоумев ни за момент и јас тргнав во акција. Бидејќи работам на брод веќе осум години, искуство кое го имам во мојата работа ми даде ветер во мојот грб”, вели сопственикот на станот, односно хостелот, Никола Пантелиќ.
owl10owl7
Нацртот на хостелот го направи мајката на Никола Пантелиќ, а целиот ентериер беше замислен од долгогодишната пријателка Вања Ѓуриќ. Тие две создадоа удобен и модерен простор. Хостел има 19 кревети што го прави помал, поинтимен хостел, а адутот кој секогаш го има во ракавот особено кога е топло надвор е навистина прекрасната градина, каде што гостите можат да се релаксираат и одморат. Никола е исклучително задоволен од реакциите и бројот на гости, а се чини дека Белград како и Загреб стана многу видлив на туристичката мапа на светот, бидејќи иако побројни, хостелите се уште не остануваат празни.
owl4owl11owl12 owl13owl6
Посетено 4.510 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!