Ерик Равело: Децата Се Распнати
[fblike]
Самото име на проектот ‘Недопирливите’ (‘Лос Intocables’) укажува на накарадениот систем во кој живееме
Ерик Равело е роден во Хавана, Куба 1978. година.
Студирал на Academia Nacional de Bellas Artes San Alejandro
во Хавана каде што специјализирал сликарство.
Фотографиите се направени со цел да се подигне свеста на јавноста кога станува збор за насилство врз малолетници. Децата кои се прикажани распнати на персонификации на монструмите кои гои ги вребаат како плен во денешното општество. Самото име на проектот ‘Недопирливите’ (‘Лос Intocables‘) укажува на накарадениот систем во кој живееме. Загрозени се оние кои треба да ги штитиме, а сторителите на насилството над нив станаа ‘недопирливи’.
1. Фотографијата се однесува на педофилијата во Ватикан.
2. Секс-туризам со децата на Тајланд.
3. Се однесува на војната во Сирија.
4. Претставува трговија со органи на црниот пазар, каде што повеќето од жртвите се децата од сиромашните земји.
5. Слободата на носење оружје во САД.
6. Се однесува на здебелување на децата, обвинувајќи ги големите компании за брза храна.
Посетено 473 пати