Кој Ќе Добие Награда За Дизајн За 2015 година?

 Меѓу 76-те номинирани кандидати е и Френк Гери, но и многу други…
Dizajnnagodinata-pocetna_majkatiitatkoti
Френк Гери е на чело на листата на номинирани за овогодинешната
награда Дизајн на годината, за која се борат 76 дизајнери во 6 категории.
Ако се најдете во Лондон, не пропуштајте ја извонредната изложба
на номинираните дела што се одржува во Музејот за дизајн
се до  објавувањето на победникот во јуни
Објавени се номинациите за годишната награда Дизајн на годината во 2015. Оваа годишна награда е посветен на дизајнот, чија улога е “промовирање или обезбедување можност да се олесни пристапот на новите надежи, проширување на дизајнерската дејност и да се пренесе дизајнерскиот  дух на годината”.
Номинираните се подредени во шест категории: архитектура, дигитална технологија, мода, дизајн на производи, графички дизајн и автомобилски дизајн, а жирито, во кое меѓу другите се Никол Фахри и архитектот Фаршид Мусави,  ќе мораат во почетокот на мај да изберат победник од секоја категорија кои вкупно бројат 76 дела, а главниот победнико ќе биде избран во текот на јуни. Лондонскиот музеј за дизајн ќе биде домаќин на изложбата на номинираните дела, а на истото место ќе  се одржи и прогласувањето на победникот.
Оваа година номинираните дела пристигнаа од 30 земји, а меѓу нив се наоа и архитектонското ремек-дело на Френк Гери, односно зградата на центарот за современа уметност Louis Vuitton Foundation , моделот на спортскиот автомобил BMW i8  и преубавата минималистичка стаклена колекција на мебел “Man Machine” од Константин Грчич.
Подолу погледнете некои од најинтересните номинирани дела.

Dizajngodine_01

Dizajngodine_02

Dizajngodine_03

Dizajngodine_04

Dizajngodine_05

Dizajngodine_06

Dizajngodine_07

Dizajngodine_08

Dizajngodine_09

 

Посетено 423 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!