Огледало

Од година во година,
огледалото ми е се почудно.
Старее ,добива брчки.
Некој чудни очи
се појавуваат од него,
зјапаат во мене,
се поматно ме гледаат.
Има се повеќе седи влакна,
некој чудни израстоци
му се појавуваат
по лицето, вратот, телото.
Бара да дојдам поблиску
за да ме истражува
со матниот поглед.
Незнам дали ме гледа
кога ќе му го свртам грбот?
Не го ни прашувам,
знам дека го избегнува одговорот.
и затоа решив…
НЕ САКАМ ДА СЕ ДРУЖАМ
СО СТАРИ ОГЛЕДАЛА!

baner-igor-forza

Посетено 298 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!