Со сламка во уста
[fblike]
Секоја планина има подножје,
секое подножје, ливада под нозе.
Сонцето е зрел есенски плод
стасан за берба.
Испружен, со дланки под глава
и со сламка во уста
се виѓаваш себеси и кај што не си.
А секаде те има:
слегуваш по падините
на врвот освоен со очите
(бавно како солза по образ).
Па како ластовичка во пролет
леташ со сламка во клун.
Па на врвот на зградата гнездиш
апартман ко градител со детален план.
Па во океанот, нуркаш до каде што
човек не нурнал со сламка за нуркање.
Jа пишуваш најубавата песна каква
што не напишале ни со перо во рака.
Со сламка во уста дремкаш
како бебе со палец во уста.
Вселената ти се вселила во барака.
Облаците ти ги скокоткаат табаните.
Пребрз си за брзаците во реката.
Менуваш сламки и под главата дланки.
Со сламка во уста си ја скокоткаш душата,
зашто (како што би рекол Пепи)
таа состојба е највисоко ниво на
контемплација и рефлексија.
Со сламка во уста
си повторно дете.
Посетено 704 пати