Рамнодушност
Се појави неосетно
како наслага на годините
како подарок подбрадок
или како заслужен стомак
болеста наречена рамнодушност
кон сè што некогаш значело нешто
од предизвик до радост па гадост
од учење и потрага до заталканост
па преку спознавање и искусување
до неумислено непаметење
сега опуштеност па затапеност
некоја исцелителна летаргија
без очекувања и надевања
без никакви изненадувања
без самозалажувања
со исконски стремеж за дремеж
во сенките на дрвјата разлистени
како отворени книги на ветер.
2006.
Посетено 465 пати