Во убави раце да се заљубиш кукле

solza-pocetna_majkatiitatkoti
Во убави раце да се заљубиш кукле. Во раце шо те креваат кога паѓаш. А ти знаеш дека тоа е често. Во раце да се заљубиш шо те носат кога ќе снемаш сили. Шо те држат цврсто на површина кога вртлогот од животни проблеми те влече на дното. Во раце да се заљубиш кукле, шо ти ги мазнат брчките шо на лицето ти ги изорале грижите. Толку ти ги мазнат шо ти расте нова, помлада кожа. Раце шо галејќи ти ја косата и го враќаат сјајот. Раце шо не ти ги бришат само солзите туку и причините за нив. Во раце да се заљубиш кукле. Во раце што цврсто те стискаат кога животот грми и трешти. Во раце што попрво ќе се исечат отколку да те повредат. Во такви раце да се заљубиш кукле, дека и други луѓе имаат раце, но ретко на кој душата му е во нив.

Посетено 10.491 пати