Сириос, грчки остров: Како некои се грижат за своите гости

syros

како некои се грижат за своите гости
Сириос, грчки остров
Се кршам, еден грк другар и еден друг
ме носат во болница на другиот крај на островот
(на нивно инсистирање, за такви рани кај нас…
не би ни помислил на лекар)
Одма ме примија и сестрата ме прашува:
-осигурување?
-немам
-пасош?
-немам
-нема врска, еве ти формулар пополни го
-не можам, немам цвикери- и’ викам
-хаха добро, ти кажувај ми, јас ќе пишувам
Пишува она..име и сл, стигаме до:
-од кај си?
-македонија
-СКОПИА, СКОПИА – во ист момент викаат грциве
Она ме гледа збунето
-ок, пиши ФИРОМ
Она уште позбунета
-Скопие пиши – викаат пак они
Ме пише Скопие
Нема врска, ме истретираа ко да имам 26 осигурања
со анестезии, шиење на 2 рани, анти-театанус итн
и на крај си мислам сега ќе наебам кога ќе ми ја донесат сметката кога тоа банка не платив, 0 евра, скроз бесплатно
Ништо не ми е јасно и после моиве грци ми кажаа
што им рекол докторот:
-он е турист кој на НАШИОВ остров случајно се повредил,
ние тука се грижиме за гостите, не им наплаќаме
BTW во иститот град (Ермополи) ЈСП беше бесплатен
Не ми текна да им кажам дека и 3-ка горе лево
ми се расипа на овој остров,
можда ќе ме пломбираа беспари
Ај догодина :)
И да, на некои места овака се грижат за туристи
за разлика од оние „другине“

595x90

(Посетено 4.303 пати, 1 денес)

Поврзани Статии

Оставете одговор

*