Со крај и почеток или без почеток и крај?

595х90 px-01

bez pocetok i kraj_majkatiitatkoti
Имам неброени сонови
црно-бели, обоени
интересно заплеткани
со крај и без почеток
чисти како река бистрица
невини, ќерки на Марија Магдалена
и поблудни од блудниците
пробај..влези..
чукни во сонот на обоеноста
види колку бои измислени можам да дадам
дали сонот твој ќе го обојам како цртанка
сврти се,
влези во црно-белиот сон
каде што јас ќе бидам ти
а ти ќе бидеш јас
многу просто и едноставно
дали ќе сакаш тука да останеш
и душите со мислите да ги замениме
влези во сонот
кај што мислите и чувствата ке ти ги подарам
во вид на две лични чеда
надоени од моите гради
полни со љубовно млеко
биди татко, маж,љубовник..
извади ја сета љубов
скриена од детската маска
заталкај во блудниот сон
каде што
од облека само
љубовната игра на себе ќе ја носам
а ти ќе ме облакаш и соблакаш
со нескриени блудни мисли
ќе ми купуваш нова наметказа да бидам жигосана,твоја…
во кој сон да те сместам?
со крај и почеток
или
без почеток и крај?

baner-latte-595

Посетено 747 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!

World Trigger 2nd Season Episode 2 at AnimeHeaven animehaven

Watch Higurashi: When They Cry – Gou Episode 12 at AnimePlanet anime planet fairy tail 2