Тато, тато…стварно немавте интернет?

[fblike]bez internet-pocetna_majkatiitatkotiСо газдава мој бевме на гости. Домаќините му се стари пријатели, муабетчии. Зборуваа за се и сешто. Синчето нивно го впива секој збор од муабетот. Одеднаш темата е…интернет. Домаќините и газдава мој, заеднички констатираа дека се би било различно да имале интернет кога биле млади. Ама, немалееее…
Тогаш малиот го прашува домаќинот:
“Тато, тато…стварно немавте интернет?“
Домаќинот одговара:
“Немавме синко, немавме…“
А малиот, како од пушка:
“ЛЕЛЕЕЕЕЕЕ…ТАТОООО…А КОЛКУ ВРЕМЕ НЕМАВТЕ?“
Посетено 3.191 пати (1 денес)