Минион

teona-i-balon-naslovna_majkatiitatkoti
Татко и и’ подаде еден голем балон со ликот на едноокиот минион. Теона потскокна од радост, бидејќи многу ги сакаше минионите. Си играше со него но во еден момент несакајќи го испушти и тој полета нагоре. Не и ни мафна со рака. Не ја ни погледна. Таа почна тажно да липа. Татко и ја тешеше дека ќе и купи друг балон. Ист таков. Но Теона го сакаше баш тој, едноокиот насмеан минион.
– Тато, ама јас толку многу го сакав. Зошто си отиде? Зар друго девојче повеќе ќе го сака од мене?
– Теона, сонце мое, балоните се такви… Не знаат дека вистинската слобода е во рацете на некој што ги сака. Но ти си малечка и тоа се уште не можеш да го разбереш.
На Теона и остана жал во душичката… не и беше јасно зошто и се случи тоа. Но понатаму животот ќе ја научи дека и луѓето исто како балоните, ќе се надујат и ќе се дигнат барајќи некаква слобода надвор од рацете на оние кои ги сакаат и им се радуваат. Но најчесто таму некаде во висините ќе останат сами, препуштени на ветриштата. Се додека не спласнат, и паднат ниско… многу ниско. Се додека така згужвани не се заплеткаат во рацете на некоја грмушка. Се додека не дојде ѓубреџијата да ги собере.
Посетено 743 пати