Платамонка

platamonka-dana_majkatiitatkoti

Пошто платамонка – Чик Куманово стана актуелна деновиве, ќе се навратам на првите години од мојот брачен соживот.

Имено, сопружникот мој во бракот, меѓудругото, стапи со мираз – платамонка. Ај си викам – нико није савршен. По извесно време ми подари платамонка женско моделче со гумена “ортопедска” штикличка. Не се трпеше колку беа грозни, ама си ги заносев по дома. Пасент. Покомотно моделче на папуча не сум носела у живот. И гости пречекувавме со платамонки. Ни се навикнаа. Кога рожбата наполни две години доби од татко и’ подарок платамончиња бр 23. Слатко си ги носеше по дома и си ги бараше со тенкото гласче: “каде ми се платамончињата”? И така семејно среќно и весело си живеевме со платамонките. Девојчето порасна и сфати дека не ни арно, женски модели престанаа да произведуваат, а сопружникот сѐ уште си ги фура во сите прилики. Има и резервен пар чичка нови за да не мора старите да ги врзува со жичка.

 

Посетено 2.652 пати