БОГДАН ИЛИЕВСКИ

utrinsko kafe baner CRN tenokKIMBO LOGO banner

БОГДАН ИЛИЕВСКИ
БОГДАН ИЛИЕВСКИ  

Има едно посебно чувство кога преминуваш некој од мостовите на Вардар во 8 наутро под зимско сонце со супер музика на радио. Знаеш дека е понеделник и дека лудилото само што почнало. Знаеш и дека се ќе е океј. И да си бил недорасонет или мамурен или непотребно нервозен, кога возиш по мост со благ успон над големата вода, има ваљда некои космички вертикали кои те шибаат во еден таков плус да би можел да споиш рационален и ирационален број во некаква задача од колоквиум на ПМФ.
Во такви моменти, целата котлина е како една шолја, а миксот на сонце, вода, супер песна и стотици илјади мравки кои си ја тераат својата борба е сето кафе кое ти треба. Моментално чувство на семоќност. Па после долетуваш до раскрсница со џандар кој го пропушта Трајко од Ѓорче до Центар и сфаќаш дека си симнат од мостот.
Нема везе. Тука е. Ќе го пројдеш пак кога сакаш.

Посетено 2.475 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!