Фабрикувани крофни или природен мед – Татјана Алексиќ

Американска(та) фабрика допрва ќе фабрикува сценарија, филмови, вируси, анти-вируси, светски заговори, метежи, елементарни непогоди, касетни бомби и слични ,,перформанси”, а светот ќе ѝ аплаудира и алчно ќе ждере од нивните мали, високо калорични и штетни по здравје крофни. ,,This is not America” и фала Богу што не е! Да си го сочуваме медот, оти медена ни е земјата во секоја нејзина пора и капка вода. Воздухот го избербативме и сега ни се враќа во облик на лудило, дишеме и полудуваме од омраза.

Фб комуникацијата сѐ повеќе наликува на нужен фрустрирачки брак. Нужен, оти ќе бидеш аут од светот ако не се логираш, мора некој да те земе, адне, лајкне, инаку не постоиш. Фрустрирачки е што после излижаниот мед, како на почетокот од бракот, остануваат фекалии, фб гомненици, што би рекле без запек, без задршка… Се сплотивме околу феноменот ,,Медена земја”, документарец вреден колку медот, чист производ кој не може вештачки да се фабрикува. Искрено се порадувавме и сега после медот повторно огорчени со препук, препич, хејт и останата фб бижутерија…Љубов ни фали, ни воздух, ни мед, ни пари, колку љубов што ни фали! И после децата биле невоспитани, агресивни и неморални…

Татјана Алексиќ

Посетено 1.418 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!