ДУПНАТИ КОНДОМИ И ЧВАРКИ

Гледам еден дечко седи покрај гаража,
си игра со големи светнати шајки а
вниманието ми го привлече натписот
„Не паркирај, бушам гуми“
„Хмм, овој ми треба“-си мислам
„дечко ти ова си го напишал?“-го прашувам
„да.. имаш некој проблем?“-грубо ми сржа
„не, не , никако… уствари имам,
ај ако сакаш да ми ги дупнеш кондомиве“
„штооо, ти мрднат си?“
„не бе стварно..ќе ја заебам девојка ми
да остане трудна“
„а што не ја прашаш културно дали сака?“
„не сака сигурен сум“
„си ја прашал ?“
„не ама … малце е комплицирано“
„скарани сте?“
„не баш.. не знам уствари.. ене ми ја дома
врзана за столица“
„е па уцени ја ..ќе ја одврзеш ако сака да остане трудна“
„не може да збори.. и ја исеков главата“
„па врати и’ ја и прашај ја“
„тешко..имав гости и ја изедовме“
„ајдее , ти си клинички случај..само за лудница“
„знам..избегав од таму“
„оф леле..јас се разбирам малце од акупунктура
да пробам да ти помогнам?“
„па може ..зошто да не“
Почна да ми ги брца шајките во глава
„осеќаш нешто ?… ништо?
„ништо, ме чешаат малку“
„аман бе што човек ќе беше,
имам решение.. мислам дека е конечно“
Ме врза со ланци за кола,
ме однесе во кујна и ме фрли во
еден казан со чудни партали во него
„аууу извади ме , смрди одвратно а
и многу е топлоооо… ќе повратам“
„хаха, не гледаш дека правам чварки ??…
и ти ќе станеш една од нив за некој саат“
„те молам извади ме, те молам, те молам
готово, излечен сум.. жими мајка…те молам“
Џабе ми е.. ме поклопи со капак и си отиде
Ме остави во темницава, страв ми е,
се топам и повраќам….
Ма уствари и не е толку лошо,
чудно ново искуство.. мислам дека ми се свиѓа

Посетено 350 пати