Знам колку болат анксиозноста, дислексијата и другите „гревови“

Го памтиш ли детството, ги памтиш ли школските клупи? – Ќе ме запрашаат. А, јас мењам тема за да не се навраќам на онаа детска беда каде што оние „помангупските“ настроени ликови те омаложуваат, навредуваат и повредуваат… Онака детски и наивно веруваш дека навистина не чиниш, па ти се ствараат комлекси кои те пратат низ целиот живот понатака. Некоја невидлива парализа која те обесможува да напредуваш, да почнеш да веруваш во себе, да кренеш глава и да продолжиш.

Тие „деца“ пораснале, денес некои од нив успеале некои од нив се доле на дното. А, ти се бориш со аутсајдеризмот од порано кој прераснал во анксиозност. Немарливо те повредиле, уништиле, згазиле и за возврат дури очекуваат и после толку години радосно да ги поздравиш и прегрнеш најсилно. За што? За сите оние тргања на страна, за сите оние навреди кои ги впиваш уште пред да дознаеш зошто воопшто си створен на планетава? За што да ги прегрнам, затоа што биле деца? Да им простам што многупати не сакав ниту во школо да појдам за да не слушам погрдни зборови и таканаречени „заебанции“? За што?

Времето лета. Растеш, создреваш и сфаќаш дека си била неизмерна будала кога си го сфаќала сето тоа „здраво за готово“, дека кога би ги вратила годините назад би било се поинаку, сега знаеш како да и вратиш… Но, сепак знаеш дека тие биле виновниците да твоето создревање до даска, да не беа тие ти немаше да знаеш колку силна си можела да станеш. Тие те удираа, шутираа, маваа со своите остри зборови.. А, ти? Ти си со секој нивен „удар“ се побрзо и побрзо закрепнуваше, стануваше се’ поотпорна на нив како силно анти-тело кое се бори со лошите инфекции и бактерии.

Денес си тука. Посилна од никогаш. Дрска и дирекна жена која знае секому како да му го сервира на топло или на ладно, веднаш или по испорака. Ти научи да се бориш, но не и тие. Тие „мангупи“ денес немаат никакво значење за општеството… Поминале години, нивните школки слави престанале, отишле во историјата. Ќе се сети по некој наставник да ги спомне како најлошите ученици од таа и таа генерација што ги имале… И толку.

Можеби и ти не си некој и ништо, но барем знаеш дека вредиш. Конечно знаеш да го цениш твоето битисување. Не дозволуваш ниту една бубачка да те полазне, а камоли касне. Не дозвлуваш некој поситен од тебе да те згазне… Не дозволуваш твојата психа некој да ја ништи… Не дозволуваш затоа што знаеш кој си ти!

Посетено 326 пати