Жена не си ојт.. Од убајна! Се ќе истрпит.. Се ќе напрајт..
Жена не си ојт..
Од убајна..
Не!..
Се ќе истрпит..
Се ќе напрајт..
Ќе слушат, ќе простуват..
Оти убо ќе и бидет на душа..
Ќе знај оти имат..
Кој да зинет за неа..
Да ја одбранит..
Да ја чуват..
Не си ојт жена..
Од топла постела..
И зборој убајна..
Со нив бендисана..
Со нив милуана..
Ќе си се поднасмејт..
Ко ќе се сетит..
Кого бендисала..
За навек..
И се ќе сторит..
За куќата убајна да грејт..
Зато..
Опули ја..
Онака ачик..
Ко ќе ќутит..
Требет опулот да и го знајш..
Требет севдата да и ја знајш..
Зато..
Оти еден е векот..
Само малку..
Не требет којзнајт што..
И за навек ќе и спиеш в пазуви..
Оти тебе те бендисала..
И душата аманет ти ја остајла..
Посетено 8.674 пати