Заменки – Татјана Алексиќ


Ние одамна не сме именки, именувани по име, со голема и мала буква, лични и конкретни…Полека но сигурно стануваме ЗАМЕНКИ!

ОНИЕ онака ни правеа, ОВИЕ овака ли да ни прават, а кај сме сите НИЕ во заменскава приказна?? Извезуваме ( изнесуваме) интелектуален и креативен потенцијал, а како одат заменскиве работи, ќе увезуваме ( внесуваме) ефтина работна сила, посилна од нашето трпение и родољубие да работиш достоинствено во родната земја за 400 евра ( оти има кој и за 200 да работи, па ако не ти чини ,,дај друго дете” ).

А да, кога сме веќе кај имиња, сѐ поизвесно е дека нашите нови милениумски имиња, во име на компјутерската технологија, може да ги кумуваме во Виберка, Твитољуб или Селфие, изборот е наш!

Татјана Алексиќ

Посетено 1.026 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!