Во анксиозноста, самиот на себе си најголем сојзуник, но и најголем непријател! Избери паметно ќе си бидеш!

Откако се појавив јавно да говорам за анксиозноста, многумина ме искоментираа и исконтактираа велејќи БРАВО за храброста, дека се горди со мене и дека посериозно од сега ќе гледаат на работите.

Искрено, за чудо, се надминав и самата себе. Дозволив да ја победам анскиозноста и тремата во живо пред камерите. Дозволив самата себеси да се изненадам, а камоли останатите.

Истиот ден неколкумина ми напишаа пораки, а десетици ме додадоа за пријател. Ми беше драго на душата да слушнам и туѓи приказни, туѓи стории. И многупати им повторив: Самиот на себе си најголем сојузник, но и непријател. Избери паметно што ќе си бидеш. Дали ќе ја згазиш или ќе те згази, дали ќе се победиш или ќе дозволиш да се свиткаш пред неа како парче вжештен метал. Дали ќе излезеш како победик или ќе вброиш уште еден пораз… се’ ама буквално се’ останува на тебе.

Знаеш ли колку пати се погазив себеси, а можев да успеам макар и тоа да беше правење еден чекор? Многу пати. Трема, страв, непредвидливост, немоќ, осуда, предрасуда… што ќе речат другите… одново и одново јас на почетната стартна позиција, додека многумина го трчаа последниот километар пред крај.

Јас стојам. Ни ваму-ни таму. Се обидувам да започнам, а веќе внатрешното чувстсво на анксиозност ме запира и ме тера да се колебам. „Ќе успеам или не?“; „Ќе биде добро или не?“; „Да почнам или да се откажам уште пред да започнам“… А, навидум е толку едноставно – НИКОГАШ НЕ МОЖЕШ ДА ЗНАЕШ АКО НЕ СЕ ОБИДЕШ. Но, ајде… објасни му на мозокот.

И после 100 пати враќање на резервната клупа, чекајќи нова прилика, чекајќи нов сигнал… стануваш и си спремен да направиш чекор. И додека се обидуваш да протрчкаш, некоја будала од страна почнува да си трга сеир. 5-10 чекори и ти веќе повторно се враќаш онаму од каде започна.

Нови 100 чекања и повторен обид. Овој пат километар, следниот пат два… и полека, но сигурно ќе стигнеш до целта. Метафорички, колку и да звучи чудно, а за некому крајно дебилно.

Чекориш како по облаци после истрчани бројни километри, овој пат сигурен дека не може никој да ти застане на патот. Ќе се најде. Но, секој пат помалку и помалку боли, а твојата кондиција е се’ поголема и посилна од претходната. Ти се победи веќе милион пати…

Ти си најголемиот победник!

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 1.251 пати