Вие, читателите, го правите нашиот свет совршен!

Во моментов имам тахикардија и чувстувам трепет во дланките… Ете повторно и повторно си ја докажав целта на моето битисување, тука на оваа наша планета.

Која сум јас? Јас сум само едно мал човечуљак во однос на светот, но имам душа и срце со кои творам и пишувам. Зошто? За да пренесам порака кон светот. Ние писателите, понекогаш и самата мрзам вака да се одликувам бидејќи во секој од нас се крие по еден скиен поет или писател, автор на некое дело… Ние ја имаме моќта да ве однесеме и во најдалечните краиша на светот, дури и во оние непостоечките, оние измислените. Да ве натераме да се ставите во сечија кожа, да ве натераме да размислувате и со туѓата глава, да ве гурнеме во туѓите чевли… Да, ние писателите…

Понеогаш помислуваме дека патиме од шизофренија, затоа што одеднаш располагаме со десетици глави во исто време. И секоја глава има свое тело, своја душа, свое срце, свои чувства… Свое ЈАС!

Не е лесно, ти се мешаат десетици карактери одеднаш и настанува збунка. Еден е темпераментен, друг е рамнодушен, трет е неисполнет, четврт се труди да биде совршен. Со денови не спиеме за да вие ги прочитате нашите дела во еден здив. Две години труд, мака, пот и неспиење за два часа читање на плажа… Но, вашиот коментар ги коси сите наши слатки маки. Знаеме дека не било залудно, знаеме дека можеме уште и уште повеќе!! И се подобруваме со секој наш збор, со секоја наша реченица стануваме мајстори на перото.

Боли кога некој не го цени трудот, боли бидејќи тоа е наше дете. А, секоја мајка си го сака своето дете. Простете, но кога веќе лошо критикувате, бидете барем коректни и кажете ни каде грешиме. Ние ќе го цениме вашите критичко мислење, ние пишуваме на крајот на краиштата за вас…

Нашата мисија е да допреме до вашите срца, но за тоа е потребна и интеракција. Вашите злобни и неиздржани коментари не бодрат и не тераат да бидеме уште подобри, но фали она мало парче да станеме небаре совршени.

Вие го правите нашиот свет совршен. Без вас би пловеле, но без авантура. Мирен и долг пат. Вие ни давате сила, вие не кревате до небо, вие не терате брзо да одиме и трчаме. ВИЕ! Вие сте нашата публика, нашиот аудиториум. Вие сте аплаузот кој го чекаме на секоја промоција. Вие ја сопирате тремата, вие го кршите мразот. За вас твориме и за вас постоиме!!

Посетено 195 пати