Дали ние на 31ви ќе испраќаме, ќе дочекуваме, или и едно и друго… или ништо од тоа…

animated-happy-new-year-image-0083Дали ние на 31ви ќе испраќаме, ќе дочекуваме, или и едно и друго… или ништо од тоа…
Се испраќа нешто што ни е мило, нешто што ни оставило трага во душата, и ни било убаво дека сме поминале заедно некое време. Ако не ни било убаво… зошто воопшто нешто да испраќаме?! Само ќе му го завртиме грбот и нека оди во мајчина му!

Од друга страна, со радост се дочекува нешто што знаеме дека ќе делува убаво на нас и на нашите чувства, нешто што мислиме дека ќе ни го смени текот на животот.
Но…
Дали можеме да ја предвидиме иднината?
На што се радуваме ние во случајов?
На она што си оди?
На она што доаѓа?
Изгледа не сме баш сигурни…
Важно е да славиме…
Важно е да слав…
Важно е да сла…
Важно е…
Важно! годините минуваат а нас… нас полека не снемува како буквите од предходните редови.
И затоа…
СРЕЌНА НОВА БИЛО КОЈА ГОДИНА!

(Ете така ми дојде)

Посетено 676 пати