Вчера ми се потврди тезата: „Жена на жена ѝ е волк“. Жени, така ли оправдувате насилство?

Доколку оправдувате онакво насилство врз жена, верувате дека таа е виновна и самата си го барала, тогаш вие сте апсолутен срам за женскиот род. Бидејќи ниту една жена не заслужува онаков третман, постојат далеку поцивилизирани начини.

Некаде прочитав дека го прогонувала, и да е така, можел да пријави во полиција и да добие мерка забрана за доближување или што ти ја знам.

Насилството не е оправдување, во никој случај. Наместо како жени, мајки, сестри да застанеме цврсто една спроти друга, ние посакуваме насилство врз друга-трета жена.

Од жени прочитав коментари кои повикуваат на ЈАВЕН ЛИНЧ за насилство врз нечии мајки и сестри, сопруги и девојки. Побогу! Зошто некоја друга жена да биде предмет на осуда поради туѓи гревови?

„Да ти е*ам жената, сестрата, мајката…“, од овие зборови на мудроста си патиме и ќе си патиме. А, најмногу болат кога се кажани од устата од една жена.

И немојте повторно да се вадите дека не сте прочитале, гнијат коментарите од жените по социјалниве мрежи… не гнијат, трулат… баш како и нашето општество.

п.с. Жени пред или зад пердето, вака не се станува „силна жена“. Ни најмалку!

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 2.673 пати