Тинејџери шутираат кучиња како да се фудбалски топки, кога конечно ќе има одговорност за насилство врз животни?

Вчера ми се преврте желудникот откако само видов текст и немоќно кученце. Искрено, немав срце да го изгледам, а тегоби имав уште долго потоа. Во мислите ми поминаа милион мисли што се’ би можело да му се случи на кучето, што се случило со него, го нашол ли некој, му помогнал ли?

Потоа прочитав дека го шутирал, бесмилиосно го шутирал додека другар му го снима.

Тинејџери кои патем да беа во Амрика или некоја друга европска земја, веќе ќе живееа сами и ќе работеа. Нашиве тинејџери изгледа имаат бескрајно слободно време што може да го искористи во борба со немоќниот.

Еј! Наместо да помогаат, да дадат се’ од себе за да го направат светот подобро место за живеење, да придонесат со своето знаење, тие шутираат.

Се шутира се’ што е добро, се’ што е немоќно, се’ што е послабо… секаде „хероишта“, а никаде вистински супер-херои.

Што дете може да направи, тројца возрасни не можат да оправат, да да… навидум невините деца… жал ми е, но светот на родените психопати е навистина многу многу гаден… Каде е превентивноста од потенцијални малтретирања и на луѓе? Кога конечно ќе има одговорност за насилството врз животните? Кога ќе има поправни домови за малолетници кои нормално ќе функционираат? А, за оние полнотелтните, вистински затворски казни?

Искрено, не ја сакам Америка ради Х причини, но она што навистина ми се допаѓа се нивните закони. Доживотни без можност за помилување на пример. Кај нас тоа е научна фантастика. Но, таму е чиста реалност. И не само тоа… уште многу други. Казни за возење пијани, казни за ова-она…

Кога ќе не биде нормално општество ако дозволиме да не газат немоќни? Бидејќи да беа моќни ќе нагазеа на посилниот, а не обратно. Напаѓаат куче, оди нападни возрасен маж, па да видиме кој ќе ја освои битката. Не може, нели?

Оставете ги животните на раат. Нападнете ги сопствениците кои ги напуштиле, опцујте ги што ги земале и оставиле кога остареле или се разболеле. Животните не се виновни, ама апсолутно за ништо!

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 3.938 пати