Тенка е границата меѓу „херој“ и „лузер“, знаеш? Луѓето многу бргу забораваат!

Многу пати сум се нашла во ситуација еден ден да ме гледаат како „Вау, што стори, море?“, а другиот ден: „Пф, види овој/оваа е бољи од тебе“, а сигурна сум дека и многу од вас.

И тогаш се чудиш. Како бе? Како може за еден да се смени толкаво мислење.

Е па, јас ќе ви кажам. Или имаат кратка меморија и треба да се напие Билобил, а пред тоа да посети лекар или фармацевт, или пак никогаш не те гледале како „херој“. Затоа што оној кој верува во тебе и тогаш кога ќе згрешиш, нема да ти го набие на нос, туку ќе ти подаде рака и ќе ти ја избрише правта.

Не, не треба да им се зема за зло. Се’ е поука, драги мои.

И да, ценете се себеси. На крајот од денот, само сопственото мислење за себе е најважно. Не постои поголема болка од огорченоста кон самиот себе, а ни посилно охрабрување од сопственото уверување.

Посетено 482 пати