Што убав овој живот..јади-спиј

да знаев порано ќе умрев

crvi panker-naslovna_majkatiitatkoti

Не се сеќавам кога точно се случи
ама бев дрво-дрвосано,
таков клен што се зигубив и паднав на тротоар
Последно што се сеќавам дека дожд
ме врнеше а немав сила да се поместам,
а можда не беше дожд, некаков чуден мирис имаше!!
Како и да е пред малку се освестив,
изгледа дооолго сум спиел
затоа што наместо прсти имав црви,
а можда и сум умрел, кој да знае??
Нема везе, многу ми се јаде
и на брзина ги изедов сите црви од левата рака
па и од десната,
ми остана уште најмалиот прст т.е. црв и само
што го приближив до уста
„ај те молам не ме јади“-одеднаш ми прозборе
Му ги гледам очињата, слатки, невини
ама па што го вртам, црв е
„зошто да не те јадам, многу сум гладен“
„ама ти додека беше во кома ние те браневме
од сите џукели што сакаа да те распарчат
од ѓубраџиите што сакаа да те соберат
ептен се грижевме за тебе“
„и колку време бев оваков?“
„па мртов си едно 2 месеци“
„не зезај..многу.. значи сепак сум умрел, јбг
нема врска ….а што да јадам, многу сум гладен“
„отвори го стомакот, и таму имаш црви
ама тие не се како нас, тие се
глупави и неписмени..нив јади ги“
„а како да го отворам кога немам прсти?“
„еј да..не помислив на тоа“
„е па жал ми е“- го шмукнав и него, последниот црв
Уфф ама се најадов..ми падна притисокот, пак ми се спие
што убав овој живот..јади-спиј … да знаев порано ќе умрев

Посетено 9.499 пати