Од машка перспектива: смешни и грозни приказни од првите состаноци

„Во текот на состанокот, му се јави на својот дечко, а до крајот на состанокот ми призна дека ме сака.“

Го знаете ли оној момент додека се подготвувате за првиот состанок и чувствувате нервоза и пеперутки во стомакот размислувајќи за милионите начини на кои што би можеле нешто да зафркнете, а потоа се чувствувате прекрасно кога состанокот ќе заврши и се’ ќе помине во најдобар ред? Па, овие дечки не биле толку големи среќници. Баш, напротив, неколку фраери одлучија на хрватскиот Космполитен да им ги споделат своите најлоши приказни од првиот состанок… кои патем се навистина многууу смешни.

1. „Беше тоа состанок преку Тиндер. Се најдовме на пица и пиво. Во текот на состанокот, зборуваше за кошарката која воопшто не ја следам. Но, тоа не беше само пропратен разговор за кошарката, туку многу специфични факти за играчите, резултатите и статистиките, а потоа се налути на мене затоа што не знам ништо околу тоа. Никогаш не сум посакал толку многу да одглумам итен телефонски повик.“ – Игор, 33

2. „За првиот состанок се одлучив да ја однесам во кино, но воопшто не размислував околу тоа што ќе правиме после филмот. Кога филмот заврши, се возевме низ град смислувајќи што сега. На шала предложив да одиме во новоотворената продавница за мебел. Многу и’ се допадна идејата, па попладнето го поминавме со многу бедна имитација на сцените во Икеа од филмот „500 дена љубов“. Неверојатно сум и’ благодарен што таа во се’ беше супер и ја научив лекцијата за планирање однапред, а сега знам и за една добра продавница за мебел.“ – Паоло, 22

3. „Личноста со која одлучив да излезам воопшто не беше личноста која се претставуваше. Воопшто. Дури не се ни работеше за истиот пол. Толку од интернет дејтингот.“ – Славен, 23

4. „Три недели откако започна семестарот запознав девојка со која веднаш кликнав. Одличивме да излеземе на вечера. Уживавме во разговорот се’ додека не прдна гласно. Неизбежно гласно. Се извини и рече дека мора да оди во тоалет, а потоа не се ни врати. Поминаа две години и се’ уште не сака да разговара со мене.“ – Матија, 21

5. „Еднаш запозна девојка на Тиндер. Беше прекрасна и многу интересна и се занимаваше со глума. За време на состанокот му се јави на својот дечко, а до крајот на состанокот ми призна дека ме сака и дека јас сум ангел кој и’ е пратен од Бога. Тогап ни малку не ми беше смешно, но сега тоа е најпопуларната приказна меѓу моите пријатели.“ – Марко, 21

6. „Бев прилично возбуден пред состанокот со девојката која претходно ја запознав на една интернет страница. Но, после отприлика десет минути на состанокот, сфатив дека се’ што е интересно за неа го кажала додека се допишувавме. Беше тоа најдолгиот час во мојот живот.“ – Никола, 22

7. „Низ нашиот прв состанок, одличивме да делиме забавни факти за себе тогаш кога ни снема теми за разговор. Состанок продолжи во мојот стан каде што ми шепна: ’Факт: Јас сум гимнастиларка и немам рефлекс за повраќање’, по што јас спремно и’ одговорив: Факт: Никогаш не сум имал секс.“ Томислав, 21

Посетено 677 пати