Спушти се доле

spusti se dole-pocetna_majkatiitatkoti
Бидејќи таму ти е местото, под моите нозе, му реков на светот кој понизно ме послуша.
Се спушти полека милувајќи ми го телото, секој сантиметар од него, ми кажуваше колку сум убава, колку сум совршена, ми кажуваше колку го палам, колку се возбудува на мене.
Слезе до гаќичките ми рече паметно да ги користам, подобро речено воопшто да не ги користам, тие не се за корист, тие се за уживање.
Мозокот е за корист и успех, ми рече, се воздигна наеднаш и ме бакна во чело.
Се спушташе повторно надолу и стигна до нозете, ми ги галеше нежно, зборувајќи ми тивко, но остро.
Ми рече дека некои личности го заслужуваат мојот ѓон на нивното лице или околу нивниот врат, но подобро ќе биде доколку не ја носам нивната смрдеа и грдосија на мојата штикла.
Подобро ќе биде да останат на земја незгазнати, бидејќи никогаш нема да се кренат од неа.
Слезе до петиците, ми рече да внимавам на оние што ги сакам, понекогаш луѓето ги газеле и оние што ги сакаат.
Му одговорив дека знам, но јас не сум од нив, тие луѓето, јас сум човек.
Знам кого да понижам, кого да згазнам, знам кого да плукнам иако ретко го правам тоа, но исто така знам кој ја заслужува мојата почит, добрина и се останато кое можам да го сервирам на тацна со локум.
За крај легна под моите нозе и ми рече да поминам преку него, време било, но не сакав, му реков дека не сакам да го згазнам тој што ми давал совети цел живот.
Никогаш не ја сечи раката која ти подала рака!
Го кренав од земјата и му реков дека ќе му помогнам да се подобри, да биде како мене, бидејќи и тој не е совршен, а јас не сакам да бидам како него.
Тој се спушта доле на секој што ќе му нареди, јас не, јас ги спуштам сите доле со зборови, а потоа ги оставам да ми се фатат за нив и да се влечкаат зад мене како свадбени конзерви на автомобилот од штотуку венчан пар!
Посетено 3.067 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!