Што бе Хјустон , немој ја Урко да ти го викнам
Се заебав,
не требаше тука да дојдам на одмор
ама тоа е кога немаш пари па идеш аутостоп
2 саати шетам по песоков а уште
морето не сум го видел..не само тоа,
ни жива душа нема да се појави
Што да се прави, си го постелив пешкирот
и легнав..малку да отспијам пред да се раздени
а и место да си фатам,
утре сигурно гунгула ќе биде на плажава
Таман задремав и осетив песок во уста
Отварам очи и гледам еден тип облечен
во сребрен скафандер како
чудно потскокнува околу мене
„Дечко дај не скокај како мајмун околу мене ,
не можам да спијам“
А типов фраер, се прави дека не ме слуша,
ај што уште ми скока
него и закачи американско знаме
2 метра од мене
„Дај бе тргни го знаемево се осеќам како да сум на Косово“
Овој пак не ме ферма ни 2 %..уште скока
„Е добро ќе видиш ти“- му рипнав да го тепам
и додека фатени за врат се тркалавме по поесокот
го слушам како вика некого
„ Hоuston we have a problem“
„Што бе Хјустон , немој ја Урко да ти го викнам“
Тогаш приметив дека не бил сам ама касно
Нешто железно со пречник фи-12
ме акна по глава и изгубив свест
Се освестувам, уште е темница,
типовите ги нема а и пешкирот ми го украле
Дефинитивно се заебав што дојдов тука,
требаше да идам на Халкидики
како сите нормални луѓе
Посетено 743 пати