Скопје – Права Паланка
На цела жалост, иако многу си го сакам Скопјево, многу ми е тешко кога ќе чујам “нашата метропола” (некропола беше нешто друго у живото). Која црна метропола, кога главниот град личи на се, само не на тоа. Јас си го викам нагалено, паланка, ама Права. Зашто?
Па у Скопје, кое некогаш у школо не сушеа дека, демек, бил најдолг град во Европа, постојат само две-три прави, паралелни улици кои ги сврзуваат Џорче и Драчево, а треба да сте прав мајстор да посакате да стигнете на некоја друга дестинација која се коси со правите. Значи, Партизанска, Илинденска, Иво Лола Рибар (како тие гордо звучат, ама пак се бољи од некој Теодосија Гологанов) и пичи право.
Вози и не окречи се (со креч) синко.
А, кога има дожд, пливај и вдишувај правилно. Да имавме метро, ќе се вмешаше и Селма, пенџер-цуцата на Бреговиќ, ама тоа ти е. Па имаме и семафори.
Некоординирани, и тоа како. Само што ќе стиснеш гас да го фатиш оној на само 100 метри пред тебе од претходниот, таму више е црвено. И, тоа жарко.
Знам само дека семафорот кај “Џорче држава” се слаже со оној во Кичево града, бидејќи неколку пати е проверено од другар ми Мите Циго.
А, ако имате среќа да фатите “зелен бран”, може да ви се деси за нешто помалку од еден саат да стигнете и до некрополата охридска…
Па се стварале гужви.
Е, ќе се ствараат секој ден се повеќе, пропорционално на фактот дека секоја шуша у Права Паланка има ауто и дозвола, добиена со “текстови” со врски. Не е битно дали е Ферари, Ламборџини, Порше …
Не е битно дали се од новиве аута на “раати” кои се отплаќаат се до свеченото заминување во пензија, ако не дај Боже у меѓувреме не скршите копач. Битно е дека секој мора да вози. И да прави бељи по ПП.
Има разни возачи.
Од накркани со “витамини и апови”, добро наоружани копиљаана до пијаници кои и да престанат да пијат, после десет години ќе им покаже на дување, нон-стоп пијани шофери, кои ако не пијат се најопасни, па доаѓаат дедовците, оние стамените и гордите бивши воени лица, јебо те, кои и покрај својата осумдеска, цепаат со тоа ладите и тристачите као после матурско вече, па оние кратко шишаните, на кои мобилните од ушите им ги вадат на хирургија, како и убедливо најопасните драјвери, оние од понежниот пол (енд шарк).
За овие, татко ми уште од мал ми викаше-
“Сине, кога ќе видиш чурка у кола пред тебе, отвори 4 очи и биди напет како пушка, а запет ко стрела”.
Па тоа не знае што попрво да прави-да вози, да пуши, да збори на мобилен, да се шминка, да си ги ѕирка сармите у ретровизор, или да му се дере на детето до себе (неврзано). Пазите се од жените зад воланот-само една е Јута Клајншмит.
За малку ќе заборавев да ги споменам и оние што на семафор дремат све до појавувањето на зелено, кои дури тогаш убацуваат у прва, откако претходно добро ќе ги исполираат тоа бабурите, или исчачкаат ноктите, со мало ноже за сланина, највероватно.
Ама не ги заборавам инаетчииите од кои и магарињата бегаат. Пробај да се убациш од страна у друга лента.
Ц,к.
Стискаат на гас до даска. Сака да те убие, бе. Па, не те пушта, ако треба и удес ќе прави. Како така, па он си беше пред тебе, бога ти. Не пуштаат ни мајки со бебиња у колички на пешачки, па ќе пушта некој педер како тебе. После мене, потоп и квит. Тоа ти е сообраќајот у нашава паланка. Иди после вози.
Најбољи избор ти е такси. Ем ќе се изнаслушаш Цеци и Драгани, ем гарантовано стигнуваш и у напредниците. Плати и уживај. До првиот семафор.