Некни у Тирана си купив три работи


Некни у Тирана си купив три работи. Едни фармерки, една маичка(не дека нема кај нас, ама ми фатија ствариве око, имаше одговарајуча величина и башка беа на више него пристоен попуст од 80%) и некое си пола кило лук(не дека нема кај нас,ама стварно е добар, најбољи у свет) кој на пазарче пред затварање ми го дадоа по неверојатна цена, исто како и тој да бил на голем сезонски попуст.

Не викам дека кај нас е “скапо” у Сити Мол(албанскиот мол е иначе нa истиот газда шо го имаше и нашиов), ама ете таму малку поевтино, не викам дека ние немаме лук, ама преплавени сме со кинески кој е тежок шкарт, а ретко налетувам на домашен за кои и луѓето на тезга(оние кои признаваат) викаат дека семето на тој нашиот е кинеско.

Налетав прееска кај Ristov Vladimir у статус дека се изнајал макало некое, па пошто и ја обожавам тоа, би сакал да го однесам мојов лук негде, за да ми напраат Охридско макало со албански лук у Скопје, ако имате идеа кажите каде.

Можев да ви пишувам и за Лук Пери, оној од Беверли Хилс, ама ете ми текна на ова шо ми е побитно.

Посетено 1.630 пати