Ничија и нечија

oci_ana
Сакав да ти дојдам вечерва
стокмена и убава,
облечена во грешни мисли,
со мирис на чад впиен во фустанот
и црвена светлина на кожата,
со мисли натежнати од празни зборови
и стиснати дланки во кои спие допир кој не е твој.
Сакав да ти дојдам вечерва,
уморна и кревка,
навидум скромна, кротка и мила,
со сенка од туѓи прсти во косата
и очи во кои е втиснат копнеж од друг,
со здив кој мириса на ликер
и замачкан од кармин бакнеж, кој не е твој.
Сакав да ти дојдам вечерва,
со вкус на дожд и привидна среќа,
со мисли далеку од она што бевме некогаш,
да се смееме на твојата слабост,
да се потсмеваме на мојата болка,
да наздравиме за иднината,
додека кришум, во себе ја абортирам нашата љубов.
Сакав да ти дојдам вечерва,
олеснета за неколку стихови
кои попатно ќе ги оставев зад себе,
со грст спомени наместо цвеќе,
со туѓа, засушена пот на кожата
и едвај видливи траги од загризи,
обвиена во маглива прегратка која не е твоја.
Сакав да ти дојдам вечерва,
со душа продадена на ѓаволот
и срце дадено на друг,
сакав да дојдам,
но ми се виде бесмислено,
од вечерва сум веќе друга
ничија и нечија…но никогаш повеќе твоја.

rimmel_london
Посетено 3.360 пати

https://aniwatch.pro anime sites

Watch Anime on Ads-free Website Animekisa

Website https://animedao.nl: Watch Dies Irae: To the Ring Reincarnation animedao Episode 6 sword art online animedao

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD

Qiita: https://qiita.com/animefreakws

Tldrlegal: https://tldrlegal.com/users/animeflixnl