Мува не ме лази….не е до хашишот
………………
На времето нашите старци
најлегално користеле хашиш
наместо кафетини и дијазепами
па јасно е зошто ги имаме овие
мисли-крилатици во нашиот говор:
мува не ме лази
око не ми трепнува
кур ми е – двор ми е
претурам од празно во шупливо (или обратно)
Сигурно има и други овакви бисери што ја објаснуваат
таа специфична состојба на духот
ама не ми текнува.
Сега ни е во гени влезена, не е до хашишот
Посетено 1.805 пати