Луѓето ќе те повредат бидејќи не вредат

lugjeto-ke-te-povredat-bidejki-ne-vredat-1[fblike]
.
Луѓето ќе те мразат, ќе те газат, ќе сакаат да те поразат, луѓето ќе те повредат бидејќи не вредат!
Ти ги гледаш и само се чудиш, се прашуваш зошто се такви какви што се, зарем не постои човек меѓу луѓето кој ќе те гушне без да ти закачи нож во грб, зарем не постои бакнеж во образ, а да не е оној како на Јуда?
Зарем нема некој што ќе ти даде искрен совет, ќе ти искаже искрено чувство без иронија, тајни намери или корист…
Затоа сум сама, можеби има луѓе околу мене, но јас се чувствувам сама, не сум потиштена, никако, знам дека иако немам никого, секогаш се имам себеси и никогаш нема да се напуштам!
Знам дека не можат да ме мразат колку што јас можам да се сакам себеси, знам дека нема да ме згазат доколку сум преголем камен за нивниот ѓон, знам дека нема да ме повреди нешто што не вреди.
Знам…
Посетено 3.525 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!