Што народ ќе бевме?

Што народ ќе бевме? Плата 12.000, ама затоа цигари 120 денари, марка саат 7.000, фармерки 6.000, брендирани патики 4.500, плико новчаник 2.500, вештачки нокти 500 денари, кафаните стално полни, седиме и плаќаме сметки од 5.000 денари…. Од кај ни се парите, стално се чудам!?

Па ќе влезе некој странец во кафаната облечен ко партал, во скроз обична небрендирана маичка од 200 денари, ноу-нејм фармерки од 500 денари и секогаш удобни чевли, ќе си седне да си вечера од највкусното јадење и да си пие од најквалитетното вино и ќе си ужива во животот.

Дошол во Скопје, на пат околу светот е инаку. А ние одма „Види го на што личи, бог да чува, несреден“ смеејќи му се позади грб. А може да ја купи цела кафана, да не купи сите топтан сосе сите брендирани партали на нас! Ама небитно е тоа. Битно он е несреден парталко, а ние накитени со брендови до заби на кои сме го исцедиле последниот денар… па макар вода у очи немале после и не мрднале подалеку од Грчка. Оди мери ни го паметот!

Посетено 18.816 пати