Исповеди на еден Психотичен Ум – осми дел

Нели е клише што секогаш врне кога човек пати? Клише се пуно работи, само не начинот на кој размислувам јас. Тој е оригинален. Толку оригинален што сам си се чудам како можам толку упорно глуп да бидам. Пример сакаш? Ех, примери имам на претек, брат, решение за болеста немам. Лажам, и тоа имам, само не можам да го применам. Не, и тоа лажам, можам да го применам, само не сакам. Зошто не сакам кога знам дека баш тоа треба во моментот за сè да биде ко што треба? Е тоа е веќе предмет за анализа.

психотичен ум

„Што ќе кажеш за досегашниве средби?“ – отворено праша Симон.
„Сакаш мое стручно мислење?“ – одговори Антонија.
„Па се надевам дека е стручно, доста пари ти плаќам, се надевам дека нема лаичко мислење да ми дадеш.“
„Сарказмот секогаш ти е одбрана кога стравуваш од вистината?“
„Нападот ти е секогаш најдобра одбрана кога сфаќаш дека сум те пецнал и ти е страв да не те испровоцирам и да нарушиш професионална етика?“
„Мислам дека имаш постигнато значителен напредок, но дека ова е само почетокот.“
„Почетокот на што?“
„Тоа од тебе зависи. Колку и како ќе сакаш да работиме, да работиш и сам. Сè зависи што сакаш.“
„Сакам да сум среќен. Точка. Ништо повеќе.“
„Што значи среќа за тебе, што те прави среќен?“
„Не знам повеќе, искрено. Ваљда љубовта ме прави среќен, ама повеќе не сум сигурен дека знам што е тоа. Толку сум полн со самодоверба што буквално ја немам. Оксиморон на деценијата. Еден момент сум наметлив и доминантен алфа-мајжак, следен момент сум ранлив и искрен ко детенце. Жени ме прават среќен.“
„Жените општо?“
„Па изгледа. Жена ко жена, најчесто не знае што сака, се премислува триста на саат, размислува за сè и сешто, не можеш крајот да ѝ го фатиш. Порано ми беа предизвик, сега ми се тотална мистерија. Колку повеќе почнуваш да ги разбираш, сфаќаш дека ни самите не се разбираат. Тука е грешката – мажите не треба да ги разберат жените. Мажите и онака не разбираат ништо. Што ќе се трошиш за џабе. Препушти се на прималните инстинкти да јадеш, пиеш, сереш, се чешаш за гз и ебеш и сигурно ќе се најде пациентка која мисли дека си прекрасен таков каков што си. Феномен.“
Симон се присети на утрото кога се најде на исто место со Тина и Марија. Срцето почна да му чука забрзано. Со тажен поглед застана до прозорецот и само зјапаше немо во далечината. Виде две птици како одлетуваат кон хоризонтот. Тоа беа двете негови шанси за среќа, една до друга.
Тина стоеше подзината и без зборови. Марија исплашено гледаше во нив двајца како она да е таа што прави нешто погрешно. А Симон? Симон само стоеше со главата надолу и не знаеше што да прави. Отсекогаш сметаше дека еден интимен поглед споделен во вистинско време и на вистинско место и пресретнат од погрешната, или вистинската личност е најболното нешто што може да се случи. Поболно и полошо дури и од тоа некоја да те начека со спуштени пантолони како имаш секс со друга жена.
Која беше играта тука? Магичниот потег што ќе ја отстрани оваа безизлезна ситуација. Кого да повреди, кого да поштеди? Двете беа за него дојдени, двете му беа потребни. Едната беше потсетник на тоа што го имаше, што го испушти, другата надеж дека тоа може да се повтори. Толку слични, а дијаметрално спротивни. Марија руса, Тина црна. Марија долга коса, Тина кратка. Марија мирна и интроверт, Тина дива и екстроверт.
„Можеме да почнеме на подлабоки теми веќе. Сакаш да зборуваме за твојата опсесија со работа?“ – праша Антонија.
„Што има да се зборува? Воркохолик сум. Работохоличар. Умот ми работи двеста на саат и морам да го хранам со активност. Закржлавен ум – мелем за ѓаволот. Ќе ти пикне триста и една глупава идеја за размислување во глава и оди утепај се после. Ќе почнеш да трипаш ко тинејџерка која не ја сликале за забавен портал после. Затоа, работа. Предизвици. Тие се клучот за сè“ – несигурно одговори Симон.
„Нели обично целите се тие кои мотивираат?“
„Па нели е тоа едно те исто? Цел и предизвик?“
„Понекогаш целта и не мора да ти е предизвик.“
„Не знам, изгледа немам некоја цел во животот. Барем не некоја која е очигледна. Се фокусирам на предизвиците, на моментите и ги трупам едни по други, едни врз други. Цел живот мислам дека работам, функционирам со некаква си цел, ама сега сфаќам дека тоа е само еден организиран хаос. Една интелигентно осмислена маалска финта која си ја мавам сам на себе бидејќи не можам да се соочам со вистината.“
„А вистината е?“
„Дека немам муда за вистинските предизвици во животот.“
Силвија ненадејно се појави во животот на Симон. Дојде брзо, молскавично, неочекувано и како порачана. Во моменти кога губеше надеж за сè, таа беше тука за него. Не можеше да поверува како е можно да постои таков лик како неа. Толку беше погодена за него што не му се веруваше. Она што уште повеќе го чудеше е што и таа изгледаше заинтересирана за него, и тоа просто не му влегуваше в глава. Не дека нешто нему му фалеше, далеку од тоа. Просто не  можеше да поверува дека работите можат да бидат толку едноставни.
„Зошто мажите се плашат од жени како мене?“ – праша искрено Силвија додека го чекаа утринското кафе.
„Зашто жени како тебе не постојат. Ни во реалност ни на хартија. Ти си уникат“ – одговори Симон без колебање.
„Што ти значи тоа уникат?“
„Е па директна си ко машко, попаметна си од поголемиот дел од луѓето кои се убедени дека го држат Господ за јајца и си многу убава. Надворешно ептен, внатрешно уште десетпати повеќе. И нормално е дека просечното машко би се плашело. Му набиваш комплекси пошто не може да те лови на класичен начин.“
„А, да, ловот, вашиот омилен спорт.“
„Мој не, јас мразам игри. Лов во класична смисла на зборот, да. Ми треба нешто, одам и го земам, ама не трчам по него. Ако ми е погодено, го задржувам, ако не – го оставам да дише. Ловот денес е игра. Лечење комплекси. Ти не си девојка на која некој може да лечи комплекси, да не се лажеме.“
„Сакаш да ми кажеш дека сега да ти дојде некоја женска што ти се свиѓа и да ти каже дека сака да биде со тебе, тоа ти ќе го прифатиш без око да ти трепне?“
„Да. Апсолутно. Онака, покерфејс.“
„Како да не бе, така викаш. И вас во ДНК ви е да глумите лудило. Ќе ви се пушти девојка и одма се упрпавате. Одма мислите дека некоја сака да ве врзе и бегате ко луди.“
Сам во затворена соба повторно. Светлина нит ѕирка нит проѕирка. Јајце шема. Ми текна на последната пиздарија, на најсвежата. Ја немав видено Тања неколку месеци. Знаев дека веќе се има смирено со бившиот, можев да го осетам тоа. Ми се јави, ме зачуди. Се сретнавме кај неа во кафич. Лабаво како и секогаш, си одеше и последниот гостин за тој период од денот. Почнавме со вообичаените срања, како си, што си, бла, бла… Немав очекувања, стварно немав. Ми фалеше, ама веќе го имав почнато процесот на преболување. Го осети тоа и желбата одма се роди. Мораше да знае дали уште го имаме тоа, она исконското кое нè спои на почетокот.
На телефон другарка почна да ме гњави. Тања имаше трпение вкупно три минути пред да ѝ скурчи и да ми го земе телефонот од рака и да го исклучи. Пред да сконтам што се случило, видов дека веќе ја вади батеријата од телефонот и почнав да пиздам. Само што бев спремен да ја отерам у сто лепе, како што и секогаш правев, ме фати за глава и ме повлече кон себе и страсно ме пољуби. И толку беше. Се исклучив. Пред да направам глупост само ја прашав – дали е свесна што ќе ѝ случи сега и зошто тоа го направи? Ми рече, бидејќи морав да знам.
Ја фатив за рака и ја однесов до веце. Со едната рака ја заклучував врата додека со другата ѝ ги соблекував гаќичките. Немој. Не си нормален, може некој да влезе. Џабе. Нема враќање сега. Не ни размислував веќе. Сè беше на автопилот. Ја свртев набрзина и влегов силно во неа од позади. Тахикардии ме маваа од возбуда и неверување. Се мрднав за сите пари. Побрзај, ми рече само. Забрзав темпо, се опуштив скроз и завршив работа.
Излеговме, се спастривме набрзина и тогаш ми кажа – наскоро ќе ме снема, засекогаш, сакав само тоа да го знаеш. Сè ми беше јасно. Вечерта излегов работно. Решив да не мислам на тие зборови и само да се опуштам. Кафана, пиење, добро друштво. Британката беше тука. Госпожата што ми глумеше недостапна женска пошто сме работеле заедно. Ја игнорирав, нормално. Од кафана у диско, од диско напад во обид на фаќање последен воз. Синдром: последна вечер и сè е можно. Носи ме дома, рече Моли. Не сакав, се двоумев, ја однесов. Секс без емоции, долго, развлечено, луто. Никаква убавина. Кога бидна само се тргнав и седнав на фотелјата. Добро, до толку мразиш жени, ме праша. Од каде па сега ова? Не мора значи да бегаш од мене, не сум заразна. Решив најмашки на свет да си признаам, па колку сака нека ја боли после. Уште сум заљубен во бившата. Ме разбра, она ми се извини. Оди па разбери…
(продолжува…)
Извор | Fail.mk
Расказот е извадок од романот – Исповеди на еден психотичен ум

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/author/psihotichen-um/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]

Посетено 1.034 пати

Психотичен Ум

Психотичен Ум

Vladimir Ristevski (Psihotichen Um)