Дете, сакам да бидам дете пак


Четири станици одев пешки по снегов. Чадор имав. Не го отворив. Намерно. Ми се дишеше чист воздух, ми се гледаа снегулките што паѓаат како опијанети, ми се слушаше крцкањето на снегот под чизмите. Неколкупати и главата ја кревав за да ги почувствувам на лицето. Намерно. И утоп станав додека стигнав дома. Пак намерно. Убавини!!! Е сега, уз пат и во неколку вирови шлапнав и два три пати се лизнав… ненамерно Ама па… не е зимска прошетка ако не шлапнеш во вода, ако не се лизнеш, или ако не скршиш рака или нога, нели… не ти се рачуна Се шалам за кршењето раце и нозе Толку убаво ми дојде што посакав да им се придружам на децата од маало, да се маваме со топки, да си правиме снешко, да се лизгаме со најлони, да окапеме надвор додека не ни помодрат носевите, до моментот кога повеќе не ги чувствуваме нозете зошто чизмите ни пропуштиле или рацете зошто ракавиците ни се претвориле во мокри крпчиња … Се вратив во детството… бриши дома блесава, во еден момент си реков… ама утре пак истото направи го… и облечи подебели чорапи пред да излезеш! 😉

Посетено 516 пати