Идеи за дејт (од наше лично искуство)

Од секогаш сонував да пишувам каи статии, кои нит ќе бидат класични колумни како најактуелни дешавки, нит ќе бидат инспирирани од други сајтови. Туку нешто ем ќе биде мое, ем ќе биде how-to.

Се обидов пред некоја година да направам нешто слично, но овој пат идам похрабро.

Идемо!

1. Зоолошка

Местово де е клише, де не е. Али е дефитивно место каде ќе имате одличен провод. Ние и ден-денес знаеме да ја посетиме и да се осеќаме како прв пат да идеме… Плус, увек има нови животни кои вредат да се посетат.

2. Матка

Ако имате мотор, ова е дефинитвно идеална комбинација. Само гледајте да е работен ден и да е порано… Можете и со бус… Воздухот и самата глетка се прекрасни… Како створени за прв пољубац

3. Стара чаршија

Океј. По малку можеби клише муабет. Но, турско чајче или салеп во зима одлично ќе ви легне.

4. Кале

Толку блиску, а толку високо. Да живеев во Охрид, сигурно ќе ви ја посочев Самоиловата тврдина. Just sayin’…

5. Римскиот аквадукт

Али само ако сте љубители на офф-роуд тури… Ве очекува одлична авантура!

6. New Age

Варено вино во зима или некој ладен коктел во лето… Можеби топло чајче или салеп во посебниот дел… Само за вас двајца, абе романтики…

7. Академска книга

Особено ако сте страствени љубители на добри книги. Плус ќе си ќарите бесплатно кафенце. :$

8. Било кој кафиќ/интересно местенце вон градот

Најбоље е после некое време искачање. Ем надвор од родниот град, ем непознати. Тотална опуштенција!

9. Театар или кино

Мада повеќе сум за театар. Некако доживувањето е поголемо… Колку и да звучи клише, киното е одлично за прв дејт…

10. Музеј

Било кој музеј. Секој е посебен на свој начин. Плус можат да излезат страшно добри фотки во некој од нив. На пример во музејот на илузијата.

11. Концерт

Убајни. Само по себе…

***

Како и да, што и да правите, гледајте да го правите со ќеф. Постојат милион места кои можете да ги посетите и за кои не ви требаат многу пари, а плус не се клише. Дали тоа ќе биде пикник на Водно или во парк, вечера во локален ресторан, или пивце во паб, не менува… Се’ додека ги имате искрите во очите.

Нашиот прв дејт беше на четири пива (на две места по едно пиво), на салата во трет локал и на крај на сепарињата во парк. Ние уште првиот ден напишавме цела историја. И пак да се врати времето, пак исто би изиграла.

Ако ми текнат уште, ќе ги допунам во продужетци.

 

Марија Прличкова

Посетено 694 пати