И што уште не…

[fblike]sto uste ne_majkatiitatkoti

Те гледам со крајот на окото исто како што понекогаш се обидувам да ја доловам убавината на светлината која влегува низ мојот прозорец.
Наместо да ја доловам таа ме заслепува, твоја одлика.
Мртви емоции, отров полош од оној на змијата, морници, гадење и што уште не.
Изџвакана мастика се уште ја џвакам, го губи вкусот, но сепак ја џвакам како да се надевам дека ќе се поврати барем мал дел од нејзината слаткост и ќе ми ги залажи усниве бар за кратко.
Но, ништо, повторно завршува во пепељара како и сите останати пред неа.
Изџвакана мастика, извежбани потези, вештачка насмевка, алкохол во крвта и што уште не…
Палам цигара, чадот се тегни низ просторијата непозната за мене, сепак чувство на дома, но зарем постои место кое може да го замени твојот дом?
Излегува низ прозорецот и патува до мојата перница, знае дека нема да можам да заспијам кога ќе легнам врз неа, за разлика од него.
Тој не знае дека никогаш нема да заспијам на неговите гради.
Нема везе, само мала инспирација гледајќи ја светлината која ме разбуди ова утро.
Пробав да ја дофатам со работ на окото, но ми избега, твоја одлика.
Пробав да те дофатам со работ на срцето, но избега…
Посетено 1.448 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!