Дојде такво чудно време да ако не е на Фејсбук и на Инстаграм, исто како да не се случило!

Дојде такво време да:
– врската не е официјална и не е баш врска ако не е ставена на Фејсбук;
– каде и отидеш, никој нема да ти поверува дека си таму се’ додека не ставиш слика и чек ин на тоа место;
– имаш 20/30 браќа и сестри, од кои некои само виртуелно ги познаваш и никад не си ги видел во живо;
– се допишувате 5 месеци, се сакате највише на свет… а во живо – здраво не си викате;
– постои трампа: лајкни ми да ти лајкнам;
– смртно се закаруваат две другарки пошто едната му лајкувала слика на нејзиниот дечко;
– постои исто така можно раскинување ако се приметат повише лајкови на слики од други девојки/момци

Дојде такво време каде што ТЕ САКАМ, МИ ЗНАЧИШ, МИ ФАЛИШ изгубија секаква смисла на зборот бидејќи денеска секој со секого се сака, денес секој секому му фали… а сте се запрашале ли колку од нив навистина го мислат тоа?! – веројатно од сите 2000 пријатели.. само 2-ца би го сториле истото, не вклучувајќи го семејството.

Денес се’ си ја губи својата смисла затоа што „типка из снова“ е онаа која има 2000 лајка на Инстаграм… односно испрчени гради и задник, а додека останатите девојчиња со 20 лајка се пиши пропало. Шмекер е оној кој сменил 200 девојки за една година и се’ уште става слики и статуси како би сакал да се заљуби и да најде вистинската, а напатените души очајно стискаат лајк со надеж дека ќе станат „још једна у низу“.

Денес апсолутно се’ е така апсурдно, се прашувам дали кога би го немале фејсбукот и останатите социјални мрежи… се’ би било поинаку? Дали луѓето би правеле муабет меѓу себе повеќе отколку сега како што дремат на телефон и се кинат од смеење на секакви слики, постови и слично?

Дали ќе беше поинаку ако за својот проблем и тренутното емоционално стање го кажевте само на најблиската личност, без да ставате секакви тажни статуси и песни за тоа како се осеќате во моментот?

ДАЛИ?

Дали мислите дека ако некој ви стави лајк, со тоа ви ставил и веринички прстен? Зар не сте помислиле дека лајкот се става за мислата, песната или сликата… а, не за личноста?

Е, драги мои… од тоа си патиме! Што се’ додека го ставаме виртуелното како приоритет, она реалното секогаш ќе страда!

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 1.370 пати