До кучката што ми го зема мажот!

Сам по себе насловот е прилично агресивен, а поентата е сосема поинкава.

„Кучката е крива! Таа ми го зема мажот! Безобразна! Таа нашла бракови да растура! Ороспија!“… Познато нели?

Ајде да реплицирам:

Не е душо маж ти крив, никако… Крива е таа… Третата што влезе во креветот на маж ти, а тој под присила го прифати тоа, и го праваше тоа… Не еден, ами 101… Тенка е работава, него што?

Не е прв пат да се сретнам со разочарани жени… Не е прв пат да се сретнам ниту со швалерки, ниту со разведени… Светот е мал, а Скопјево уште помало.

Скоро секоја жена срамот и’ го препишува на онаа другата, божем мажот и’ е светец. Јас не викам дека таа другата не е неморална, дека е крајно расипано да се бутнеш во нечиј кревет и да растуриш нечие гнездо, да разделиш дечиња од мајка/татко… Но, што е со мажот?

Ценете се себеси, не дозволувајте некој да си подигрува со вашите чувства, Вие сте сепак многу повеќе од онаа другата!

Да замислиме хипотетичка ситуација. Вашиот сопруг погледнал во некоја друга. И не само што погледнал, туку и се спанџал. И Вие откривате после некое време. Кого ќе обвините? Неа или него? Ја би и двајцата. Ама него особено!

Точно е дека маж не трча по некоја ако не замавта со опашката. Но зошто трча? Бидејќи е идиот? Неизживеан? Несреќен? Носи товар на изневерување? Можеби ова треба да му го поставите најпрво нему, а потоа да се преиспитате дали воопшто е можно да продолжите…

Самата помисла на неверство е неверство. Ако некој помислил како или дали да Ве изневери, тој веќе Ве изварал… Само ни тој не е свесен, а Вие ќе живеете во заблуда дека живеете идиличен брак.

Брак за паметење. Брак за во јавност. Брак за роднините. Брак за околината. Брак за сите останати, освен за вас двајцата.

***

Ако Вашиот Ве сака и неизмерно Ве цени, тогаш на секоја ќе и’ го покаже местото. Нема потреба од „валкање на рацете“. Со само еден збор, со само еден поглед… Сликата може да биде сосема поинаква. И тогаш, со право можете да си кажете: „Ја гледаш онаа, замисли проба да ми го расипе бракот. Ама џабе…“ И толку. Вие ќе заборавите, мажот нема ни да се сеќава, а Вашите деца нема цел живот да носат траума.

Колку побрзо се соочите со вистината, толку полесно ќе ја пребродите неправдата. Има жени кои не се свесни дека се плеткаат со женети мажи, има жени кои живеат во заблуда дека бракот на партнерот е само фигуративен и на хартија, има жени кои мислат дека тие веќе се разведени. А, има и такви… Кои го прават тоа од ќеф. Затоа што им се може, затоа што се ништо друго освен злобни…. И само затоа што видела дека има овца полна со волна.

Затоа бидете паметни. Месото е вкусно додека го има, а коските оставете им ги на кучињата.

Посетено 1.695 пати