Денеска е Денот на љубовта кон милениците! Нека е за многу години и помалку напуштања да има, море ич да нема

Добро утро!

Апропо Денот на милениците, решив да посветам колумничка за малите крзнени пријателчиња, кои се’ повеќе се вгдезнуваат во домовите и приликуваат на деца, но и се’ повеќе страдаат по улиците откако нивните „господари“ решиле да ги напуштат засекогаш.

Причините се разни, за нив разбрани, за мене крајно безобразни. Дел од нив зборуваат дека сопругата била алергична, а тек и е со мало бебе, други дека се преселуваат, трети дека не се во можност, четвртите ќе ве отераат кај што не треба ако само помислите да ги запрашате, петти мудро ќутат…

А, вусшност, се толку едноставни: остареле, биле непослушни, јадат многу, бараат внимание, бараат женки за парење. И кој е тука нивниот грев?

Зарем луѓето не стареат? Не прават грешки? Не се дебелеат? Не бараат љубов и внимание? Не швалерисуваат? Охоо… свесно швалерисуваат! Свесно повредуваат и навредуваат, свесно гризат, свесно наштетуваат… и во тие моменти навистина од дното на душата ми се гадат.

Зарем кога го земаш миленичето не се заколнуваш на вечна љубов со него? Како можеш да го земеш, да си поиграш со него и да го фрлиш како партал на улица оној ден кога ќе ти светне дека ти заслужуваш „подобро“? Како може да влеваш лажна надеж во битие во кое лежи душа и срценце кое чука? Како можеш да му го подариш на детето свое нечие туѓо дете, а притоа да му дозволиш да си игра со него како со некоја безживотна кукла?

И тие имаат физиолиошки потреби и имаат чувства. И некој ќе рече… тие немаат права бидејќи немаат ни обврски.

Имаат. Имаат и тоа и тоа. Имаат право да живеат и да не бидат измачувани, тепани, оставани и злоставувани… а нивната обврска е лојалност и многу љубов, предење и гушкање навечер во топлите кревети.

Нека им е среќен Денот!

Марија Прличкова

©majkatiitatkoti.com  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Посетено 2.218 пати