Шо желба ќе беше да се збори руски?!

Фото: Нова Македонија

Се симнувам надолу од “Државна” и јадам проја. Устата преполна. Ме запираат брачен пар Руси.
– “Цветнији базар?”
Одговарам на “руски” јазик.
– “Извињиќе, маја губа п’на ( ги прскам у фаца со пченкарните трошки). Иѓите са мном, маја кала доље код цветнија пазара”.
Се симнуваме на паркингот кај Нова Македонија и свечено им покажувам – “туѓе јест пазар”😎
Кој е јазиков шо го зборам?! Ваков јазик сигурно не постои. Леле Даци ма, шо желба ќе беше да се збори руски?! А камен тежок, ни во школо сум учела, ни бутур. Идеја немам со јазикот.
Арно даде моја Irena Vidincheva, уште ’86 ме молеше кога бевме во Будимпешта на гости да не зборам “руски” со свекорот на тетка ми.

Посетено 196 пати