Дамата во црвено – Марија Прличкова

Беше тивка и мирна вечер, по некое ветерче ќе задуваше и по некое ливче од дрвата ќе зашушкаше. Чекав автобус. „Проклет нека е, секогаш доцни“ – си помислив во себе. Но, не дадов до знаење дека го мразам чекањето и доцнењето на автобусот. Седнав на клупата, запалив цигара. Длабоко воздивнав и го насочив погледот во правецот од каде што требаше да пристигне автобусот.

– Џабе чекаш, чедо. Тој нема да дојде.
– Кој? Автобусот?
– Да…
– Но, како? На интернет, на нивната веб страница прочитав дека сега треба да дојде…
– Интернет? Веб страница? Познати зборови за кои премалку знам.
– Па, да… Порано не постоел ни компјутер, а камо ли интернет. Во вашето време сте биле хендикепирани на некој начин. На пример, не сте биле достапни во секој момент, не сте имале можност да купувате некои работи преку интернет, да резервирате билети и слични други резервации, не сте можеле да погледнете како виртуелно изгледа Париз, не сте можеле да ги слушнете најголемите трач маубети! Денес ние имаме се’! Можеме со еден клик да дознаеме каде се нашите пријатели, можеме со еден клик да го разгледаме светот…
– Чедо мое, ништо ти не разбираш… Ќе те прашам нешто, може ли?
– Секако – одговорив така некако подналутено и навредено.
– Не лути ми се и не сфаќај ме погрешно. Но, дали гледаш некој друг да чека освен тебе?
– Не, не се ни завртев околу мене за да погледнам дали има или не. Не ме интересираше едноставно… До сега бев укучена на Фејсбук, се допишував со Марга и Сања… Заборавив на времето и просторот.
– Долго ли чекаш?
– Околу 15-тина минути.
– Тој замина пред половина час. Следниот е во пет часот наутро. Сигурна си дека ќе останеш до тогаш да го чекаш?
– Глупости. Доцни!
– Мила моја, во наше време не се лажевме со термините на пристигање. Точно знаевме кога се последните автобуси. Не доцнеа ни минута, ниту пак подрануваа. Не шетавме до доцните часови во ноќта, но сепак се забавувавме иако ова време бевме легнати во кревет и бевме потонати во длабок сон бидејќи не можевме ноќта да ја користиме за Фејсбукот или пак случни работи поврзани со интернетот. Не ни беа потребни два комјутери да бидеме среќни, всушност ние немавме ниту еден! Ние секогаш знаевме каде се нашите пријатели, тие беа во маалото на клупите во паркот испоседнати или беа во локалното кафанче. Не ни беа потребни телефони за да ги слушнеме, ние знаевме каде живеат и знаевме како да стигнеме до нив без да користиме мапа на Гугл. Знаевме точно колку минути ни се потребни до посакуваната локација, знаевме многу работи иако немавме прозорец кон светот.
– Но, денес е се’ полесно.
– На кој начин, драга моја?
– Па, не мораш понекогаш да излегуваш од дома. Се’ може да ти биде оставено до врата.
– Имаш ли момче?
– Не…
– Ахам, рабирам…
– Што тоа?
– Млада, убава, фина, перспективна, а сепак без момче.
– Мора ли да имам?
– Сите барате момчиња, сите сакате да имате некого, сите сакате да сакате некого и да бидете сакани. Но, како? Ќе наоѓате момчиња преку фејсбук, ќе се жалите дека налетувате на погрешни затоа што се заљубувате во сликата… А, не во карактерот?
– Па, многу сум запознала на тој начин.
– А, сега? Немаш никого, така?
– Да…
– Точно е дека многу љубови започнале на фејсбук и станале реалност и сега тие се доказ дека љубовта не познава граници. Но, се десиле и убиства врз млади личности. Постојат толку многу лажни профили, постојат толку педофили, постојат толку психопати, постојат толку наивни личности!
– Ретки се тие случаеви.
– Ретки? Да, се соглесувам. Но, сепак постојат! Зарем не се плашиш дека можеби еден ден и тебе ќе ти се случи истото?

Тука замолкнав. Ја изгасив цигарата, погледнав во старото лице на милата бабичка. Таа имаше неколку подлабоки брчки на лицето, длабоки сини очи, бела седа коса. Но, таа беше дама. За мене беше дамата во црвено.
Неколку минути не кажав ништо, гледав долу кон земјата. Знаев дека беше во право, затоа премолчев.

– Знам, знам… Се подисплаши малку. Но, сакам да те потсетам дека времето во кое што живееш ти е многу опасно, за разлика од моето. Имало војни, но имало и љубов и разбирање. Имало немири, но имало и заеднички собири на кои секогаш мирисало на свежа скара и ладно пиво. Имало убиства, но убијците биле претпознатливи и нив им било потешко да пристапат на лесен начин кон нас без да бидат приметени и впелатливи. Свесна ли си сега во какво време живееш?
– Да, почнувам да сфаќам некои работи.
– Мило ми е.
– Како Вие знаете за сите овие работи?
– И јас имам внуци, и јас имам деца, и јас имам кого да советувам. Џабе! Не слушаат, не ме перцепираат. Ми велат: Бабо, остави, гледај си своја работа! Ништо ти не знаеш! Но, само јас знам како ми е кога секоја вечер кога излегуваат се плашам дали нешто ќе им се случи. За своите родени деца не се плашев толку, колку за моите двајца внуци.
– Се надевам дека еден ден ќе сфатат. Поминаа 10-тина минути од кога дојдовте, автобусот не помина. Како знаевте?
– Никогаш не и’ поверував на технологијата и на информациите напишани преку неа. Никогаш последниот автобус според терминот на странцата не доаѓа, туку тој пред него. Запамти! Но, и за останатите информации е така! Не верувај ниту на пишаното ТЕ САКАМ преку фејсбукот бидејќи љубовта се докажува и покажува, а не се пишува на тастатура, не верувај на лажните комплименти, не се заморувај со туѓите лајкови. Живеј го животот.
– Во право сте… Доцна е. Ќе поаѓаме ли? Сигурно сте уморна и сакате да прилегнете.
– Нека, оди ти. Јас ќе останам тука.
– Зошто? Доцна е… Каде живеетее? Да Ви платам такси?
– Во близина сум. Оди, не се задржувај. Јас ќе останам на клупава и ќе бидам со спомените и сеќавањата, тие ќе ме дружат и оваа вечер.
– Секоја вечер ли сте тука? Зошто?
– Туку ја убија мојата внука, крај оваа клупа. Ја уби еден таков за каков што предмалку ти зборував. Таа му поверува на слатките зборови, поверува на лажните слики. А, тој… Тој бил со подли намери. Секоја вечер доаѓам овде со надеж дека еден ден злосторникот ќе се врати на местото на злосторството, се надевам дека ќе биде тоа пред да затворам очи, еден ден… Макар тоа да е последната вечер, последната ноќ во мојот живот.

Занемев. И подадов рака, го запишав мојот број на парче хартија и и’ го подадов. Го погледна, го стутка и го зафрли во џебот. Ја погледнав зачудено, а таа само ми рече:

– Никогаш нема да ме натераш да и поверувам на технологјата. Ако ти требам јас, знаеш каде да ме најдеш. Тука сум секоја вечер во исто време. Оди, дете мило. Оди, станува доцна.

Ја погледнав уште еднаш со тага во лице, а таа ми се насмевна и ми мафтна. Се одалечив од неа неколку чекори, а таа ми посака среќа во животот и сите останатити марифети и желби. Таа гледаше во мене со загрижен поглед, а јас продолжив да чекорам мислејќи на нејзината тажна приказна и нејзините болни сеќавања поврзани со технологијата и болната и кобна ноќ. Се надевам дека дамата во црвено еден ден ќе го пронајде злосторникот токму на ова место, на местото на злосторството. По неколку секунди фатив такси и отидов право дома.

Посетено 445 пати